ЈОРМ: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно за „Шпион“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека постапува во предметот против лицето З.Б. кое со Обвинителен акт се товари за сторени кривични дела – Злосторничко здружување, Шпионажа и Уцена.
Во рамките на своите надлежности, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до Советот на јавните обвинители на Република Македонија со барање Советот да се произнесе по однос на барањето за доставување на предметот поднесено од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Советот на јавните обвинители решавајќи за предметот „Шпион“, во април годинава достави одлука според која надлежно за постапување за предметот „Шпион“ е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Одлуката Советот ја достави до Основниот суд – Скопје, Апелациониот суд – Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Обвинетиот З.Б. е дел од предметот „Шпион“ од 2013 година, но истрагата за него беше запрена поради неговата недостапност се до 21.04.2016 година кога е екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ја почитува претходно донесената одлука на Советот на јавни обвинители како единствен надлежен орган што ја оценува законитоста во работењето на обвинителствата. Од тука, а имајќи предвид дека станува збор за дел од истиот предмет, за поднесеното барање побара насока за постапување од Советот на јавните обвинители, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
