Бурата потоа продолжи да се движи кон западниот брег пред да се спушти во Северна Кореја во попладневните часови.
Една постара жена во централниот град Борјеонг настрада кога силниот ветер ја однел и ја фрлил на ѕид оддалечен 30 метри, соопшти министерот.
Еден 39-годишен маж загина на западот од земјата кога врз него се урнал ѕид на паркингот на болнциа, додека 61-годипен кинески државјанин загинал во пограничниот град Пајо откако врз него паднала керамида.
Владата на Јужна Кореја соопшти дека најмалку 15 лица се хоспитализирани поради повреди.