Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан
По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од денеска до деветти септември ќе гостува во Казахстан каде што ќе одржи два концерта, во Алмати на петти септември и во Астана на седми.
Гостувањето е поддржано од Амбасадата на Република Македонија во Астана и од амбасадорот Илија Псалтиров,
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Анна Кондратенко. На програмата се „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски.
- Ми претставува чест и задоволство што со напорната работа во едногодишниот период и нашето внимание кон презентација на Македонската филхармонија надвор од границите на нашата држава, се разбира и како достоен репрезент на културата, да се претставиме првпат во Казахстан, вели директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески.
Ова гостување, според него, ќе биде предвесник на следните две големи турнеи кои Македонската филхармонија ќе ги оствари со симфонискиот оркестар во Шпанија и во Кина, но и предвесник на новата концертна сезона.
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите