-->
-->
Ковачевски: Не можам да ја коментирам автентичноста на напишаното во бугарските медиуми за разликите во предлозите
-->
На денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање за реакциите на бугарските медиуми дека нема никакви промени во предлогот одговори дека францускиот предлог, согласно стратешките интереси на земјата за членство ЕУ, треба да биде прифатен, односно изгласан во Собранието.
-Не можам да ја коментирам автентичноста на она што е напишано во бугарските медиуми, дел велат дека има, дел дека нема разлики. Но треба да знаете дека бугарскиот парламент донесе нова резолуција во однос на претходната која беше рестриктивна и тоа овозможува кревање на ветото. Ова е предлог кој ќе оди во Собранието согласно нашето уставно уредување, рече Ковачевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски