Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија

Потенцијалното патување на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија, кое би можело да се случи во следните неколку недели, нема „никаква врска“ со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во оваа фаза не е планирана средба меѓу двајцата лидери“, додаде Песков.
Пред два дена, Трамп рече дека можеби ќе ја посети Саудиска Арабија, што ќе биде негово прво патување во странство откако се врати во Белата куќа во јануари.
Во февруари, Трамп посочи дека најверојатно ќе се сретне со Владимир Путин во Саудиска Арабија, без да наведе конкретен датум. Оттогаш, Саудиска Арабија е домаќин и на разговори во врска со војната во Украина.
„Рускиот претседател во моментов нема планови за таква средба. Ништо не е јасно утврдено – ниту датумот, ниту местото за евентуална средба меѓу Путин и Трамп. Продолжуваме да одржуваме контакти на различни нивоа и преку различни канали“, додаде Песков.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
