Кристален глобус за „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле во Карлови Вари
Филмот „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле, македонско-словенечка копродукција, го освои Кристалниот глобус за режија на престижниот Филмскиот фестивал во Карлови Вари.
Во соопштението продукцијата „Митевски“ посочува дека долгогодишната и продлабочена словенечко-македонска филмска соработка има донесено многу успеси за нив и оти и ова е еден од посветлите мигови од таа богата историја.
- Во овој филм учествуваше голема македонска екипа, пред се одличниот Петар Арсовски, потоа Иво Трајков монтажа, шминка Мојца Горогранц Петрушевска, музика е користена од Сашко Костов, сцецијални ефекти се правени во 3XФX студиото во Македонија, а дел од звукот е работен во Македонија од Игор Поповски, велат од продукцијата „Митевски“.
Премиерата на филмот „Ноќен живот“ се одржа на 6 јули, а наскоро ќе биде објавено кога филмот првпат ќе биде презентиран и во Македонија.
Филмот доби многу позитивни критики во најпрестижните филмски специјализирани списанија како Screen International, Variets, Ceneuropa.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот