Кривична пријава за стружанец поради напад на полицаец
Струшката полиција поднесе крицична пријава против 54-годишниот Ш.А. од Струга поради сомнение дека сторил казнено дело „спречување службено лице при вршење на службено дејствие“.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот на 12-ти минатиот месец извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и нозе во пределот на телото и вратот.
- Настанот се случил во угостителскиот објект „Палестина“ во Струга околу 16 часот, каде Ш.А. во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го оштетува инвентарот. По пријавување на сопственикот, со цел спречување нарушување на јавниот ред и мир и оштетувањата, интервенирале полициските службеници, изјави Димоски.
При обид за приведување, додаде, пријавениот давал активен отпор, а во еден момент и физички нападнал полициски службеник ударајќи го со раце и нозе во пределот на телото и вратот. Набрзо, Ш.А. бил приведен во полициската станица во Струга каде било извршено алкотестирање.
Ново на Сител
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија