Македонија
3. January 2024 - 15:56

Кривична против тројца мажи кои истепале момче во казино

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(43), А.Ф.(43) и М.Б.(43), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.

Како што појаснуваат од МВР, на 11.11.2023 во казино во Охрид, пријавените физички го нападнале Ф.Т.(29) од Охрид и му нанеле повреди.