Крвава тепачка: Свадбата стана кошмар, еден сват заврши во кома

Никој не знае кој ја почнал тепачката на свадбата на која присуствувале 700 гости бидејќи тепачката избила одеднаш и се проширила на паркингот пред хотелот.
На видеоснимката се гледаат гости како се тепаат со тупаници, се шутираат, ги кинат кошулите, а некои дури ги соблекле чевлите и со нив тепале сѐ околу себе.
Посебно се ужасни кадрите на кои се гледа како еден човек е склупчен на земја на паркингот, додека тројца го шутираат. Се тепале 20 минути додека не стигнала полиција.
Фотографот на свадбата Раџа Синг вели дека не видел кој со кого се тепа, но дека му се чини дека расправијата избила на подиумот за танц.
Невестата, чие име не е наведено, изјавила дека кавгаџиите упаднале на свадбата и ја расипале и дека е вџашена бидејќи хотелот имал само двајца работници во обезбедувањето. Сопственикот на хотелот рекол за Си-би-ес дека е точно дека има само двајца во обезбедување, но дека тепачката била голема и не би успеале да ја спречат и ако биле во полн состав.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
