Лажеш како Заев! – лидерот на СДСМ денеска фатен во новa лагa
Опозицискиот лидер Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целокупната македонска јавност. Заев денеска беше жив фатен во нови лаги кои само потврдуваат дека лидерот на СДСМ постојано се обидува да ја замајува ајвноста.
Случајот „Поткуп“ денеска беше одложен по 6-ти пат, а причина за тоа беше наводnа средба на Заев со италијанскиот амбасадор во земјава, Kарло Ромео. Сепак, евтината лага на Заев ја разобличи лично италијанскиот амбасадот, кој демантираше дека денеска имал средба со Заев.
Ромео на Твитер напиша дека денеска немал средба со никого и секоја различна информација е целосно неточна.
Заев претходно лажеше и за кривичната постапка против обвинителот во случајот „поткуп“, Владимир Милошевски. Лидерот на СДСМ лажно изјави дека обвинителот бил под истрага за кривично дело.
-Правно формално тоа право го имаме заради тоа што обвинител кој што е под истрага за кривично дело, на основа на кривична пријава, дека тоа го прави од политички причини, дека прави тортура врз мене и врз моето семејство, ја објавува снимката, рече Заев.
Сепак, и оваа лага на Заев веднаш беше разобличена и тоа директно од СЈО. Од Специјалното јавно обвинителство велат дека добиле кривична пријава од СДСМ против Милошевски и други непознати лица и дека е оформиле предмет, но додаваат дека не се води постапка против конкретното лице.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација