Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 15.20 часот на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп осомничен дека претходно, околу 14.30 часот, на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева.
Притоа се запалиле и изгореле дрва, бандера во сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.
Полициски службеници од ОВР Ресен, пак, вчера во 13.20 часот во Ресен ја лишиле од слобода Г.М.(60) од Ресен поради основи на сомнение дека истиот ден во 12.35 часот кај место викано „Бараки" запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Ресен.
МВР наведува дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче