Македонија
4. јуни 2022 - 16:10

Малолетник со автомобил усмрти жена во Скопје

Малолетник управувајќи возило „сеат леон“ усмрти 47-годишна жена во Скопје.

- На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул.“Никола Карев“ патничко моторно возило “сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје. Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.