Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција (ДУИ) доколку имаат докази за негово незаконско работење да ги достават.
Ова беше одговор на Мицкоски на новинарско прашање да го коментира соопштението на ДУИ во кое тие изразија сомнежи за распределбата на фондовите за проекти во културата, посочувајќи дека Сарана Адеми, која е шеф на кабинетот во партијата на Меџити, Демократско Движење, била именувана за член на комисијата за музичка дејност.
Премиерот Мицкоски во одговорот рече и дека со потпретседателот на Влада и министер за животна средина има непосредна блиска соработка.
- Апсолутно сите оние кои поседуваат какви било докази за такво нешто за кое ДУИ тврди еве ги повикувам, мојот број сите го знаат. Денес, утре, да дојдат, ако треба ќе напуштам состанок да ги видам тие докази и да ги дадеме на органите коишто треба да постапуваат. Во спротивно морам да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да се занимаваат со магла, магла којашто е оптоварена со зборот корупција бидејќи тоа беше нивно второ име во минатото во коешто главен атрибут беше Трговски центар Соравија во Скопје, ролс-ројс автомобилите на сватовите, деловните простории на семејството на тогашниот потпретседател и шеф на кабинет на господинот Ахмети и така натаму, истакна Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.
Според премиерот за редење на скандалите на ДУИ, може да има една цела прес-конференција. Тој за ДУИ оцени, дека „Фројд, владеее со нивната потсвест“ и истакна дека има апсолутна доверба во работењето на господинот Меџити.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори