Македонија
21. November 2021 - 12:51

Мицкоски: Не чекаат тешки времиња поради несовесното работење на нашите претходници

За енергетската криза и поскапувањето на енергенсите Мицкоски денеска од Охрид изјави дека од директорките на јавните претпријатија во општините слушнал дека цената на електричната енергија е два до трипати повисока од претходно поради, како што рече, „несовесното работење на нивните претходници“.

– Тоа е сериозен проблем што ќе ги чувствуваат јавните претпријатија и општините, но и компаниите кои тоа го чувствуват од поодамна. Конечно, тоа на крај ќе го почувствуваат граѓаните. Се организираа во картели за да го пљачкосуваат ЕЛЕМ и РЕК Битола, а сега ќе трошат од државните резерви за санирање на финансиската дупка и сервисирање на недостатокот на електрична енергија. Не чекаат тешки времиња, а многу пари на граѓаните наместо за капитални проекти ќе завршат во приватни џебови, рече Мицкоски.