-->
-->
Најмалку 30 загинати при напад во шиитска џамија во Кабул
-->
Најмалку 30 лица загинаа при самоубиствен бомбашки напад во шиитска џамија во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти претставник на безбедносните сили.
Тој изјави дека спасувачките екипи од џамијата извлекле тела на најмалку 30 загинати, додавајќи засега не е познато колку лица настрадале при експлозијата.
Напаѓачот упаднал во џамијата „Имам Заман“ во западниот кварт Дашт-е-Барши на Кабул, каде шиитски верници биле собрани за молитва.
Авганистанското шиитско население годинава беше цел на тешки напади. До овој момент, во верски мотивирани напади загинале најмалку 84 лица, а повредени се 194. Повеќето од нив се убиени за време на молитви во џамии и на релизиозни церемонии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот