-->
-->
Најмалку едно лице загина во пожар во фабрика за батерии во Њу Делхи
-->
Еден пожарникар загина, а најмалку 13 лица, од кои дванаесет пожарникари и еден припадник на обезбедувањето денеска се повредени откако се запали и се урна фабрика за производство на батерии во Њу Делхи, соопшти индиската полиција.
Три лица се спасени од под урнатините на фабриката. Но, спасувачката операција продолжува, бидејќи се претпоставува дека има уште луѓе под урнатините.
За време на пожарот во зградата немало работници
Во гаснењето на огнот биле ангажирани 35 противпожарни возила.
Лошите безбедносни стандарди се честа причина за пожарите во Индија.Во пожар што избувна минатиот месец во една зграда во Њу Делхи, најверојатно од краток спој, загинаа најмалку 43 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот