-->
-->
Намалена бесправната сеча на дрво на подрачјето на кумановската подружница на „Македонски шуми“
-->
Намалувањето на бесправната сеча, посочуваат, се должи на формирањето на шумочуварските реони и служби во подружницата односно од примената на измените на Законот за шуми донесен во октовмри 2014-тата.
Според помошникот раководител за заштита на шуми од ЈП „Македонски Шуми“, Горан Стојковски намалена е бесправната сеча и на ниво на Македонија, која, како што рече, се должи од засилените контроли на шумочуварите и од спроведувањето на акцијата „Гора“, која онезвоможи пласирање на бесправна дрвна маса на пазарот.
И денешниот координативен состанок на кој присуствуваа претставници од „Македонски Шуми“, од граничната полиција, на СВР Куманово,шумската полиција,ТППЕ, како и претставници на општините од регионот, е во насока на заштита на шумското богатство, заштита од бесправна сеча и од елементарни непогоди-пожари.
- На подрачје на Куманово лани имаше 15 пожари, не толку голем број, но морам да констатирам дека имавме голем пожар над Слупчане во култивираниот насад од црн бор. Таму беше направена штета во вредност од 2,5 милиони денари, изјави Стојковски.
Тој додава дека иако не е нивна надлежност, сепак науката и анализите покажуваат дека во 95 проценти антропогениот фактор е причинител за пожарите.
Вакви состаноци стануваат пракса пред почетокот на сезоната, рече Ваит Саити,раководител на подрачната единица на ЈП „Македониски Шуми“-Куманово. Институциите, наведе, треба координирано да дејствуваат, секој да ја преземе својата одговорност за да заштитат шумите.
- Се надеваме дека соработката ќе биде на ниво како што беше и претходната година и еве сега ги гледаме позитивните резултати, изјави Саити
Инаку, минатата година кумановската подружнца продала 20.000 метри кубни огревни дрва. Саити истакна дека во тек е склучување договори за огревно дрво со граѓаните и според него има доволно интерес меѓу жителите на Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Нагласи дека рокот истекува на 31.март и оти дистрибуцијата на огревни дрва ќе почне штом се подобрат временските услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени