Наредена обдукција на телата на сопружниците кои утринава беа пронајдени мртви во Табановце
Јавен обвинител од Куманово издал наредба за обдукција на телата на двајцата сопружници кои утрово беа пронајдени во семејна куќа во кумановското село Табановце со повреди како што претходно соопшти МВР. Издадена е и наредба за вештачење на трагите и материјалите пронајдени на местото на настанот.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРМ.
Телата на починатите сопружници Б.С.(36) и Б.С.(43) со повреди утрово во 8:20 биле пронајдени во нивниот дом во село Табановце, соопшти претходно полицијата.
Ново на Сител
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони