Нејзината српска венчавка: Кеба лумпува, Северина се подготвува
Драган Којиќ Кеба веќе трет ден не престанува да ја слави венчавката на неговиот син Игор со хрватската пејачка Северина Вучковиќ.
Кеба продолжи со славењето. Сепак еднаш жени син. Од утрово трубачите се лоцирани пред неговата вила на Бежанијска коса. Спремањето на куќата за доаѓањето на гостите е во полн ек, а стигнаа и бројните новинарски екипи од Хрватска кои влегоа во куќата на Којиќ.
А подготовките се вршат и пред салата во која двојката ќе се венчава.
Денеска околу 12 часот Северина и Игор Којиќ ја напуштија својата соба во еден претседателски апартман и се упатија кон вилата на Којиќ на Бежанијска Коса.
Насмеани се поздравија со луѓето во холот, а потоа прегрнати излегоа од хотелот. Како изгледаат младенците пред самата свадба погледнете ја снимката.
Извор: Alo.rs
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија