„Њујорк тајмс“: Главниот уредник на „Волстрит џорнал“ ги терал колегите да ги намалат критиките кон Трамп

Новинарите на весникот „Волстрит џорнал“ се незадоволни од погледите на главниот уредник Џерар Бејкер, кој ги терал да се воздржат од прекумерните критики кон американскиот претседател, Доналд Трамп.
Станувало збор за интерпретација на негови збориви и изјави, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Весникот ги цитира електронските писма, во кои главниот уредник го изложува своето мислење за првичната варијанта на материјалот за митингот на Трамп во Финикс во вторникот.
„Извинете, но тоа е коментар, претставен како репортажа. Не може ли едноставно да кажеме што изјавил претседателот, а не да ја пакуваме содржината во интерпретации и произволна критика?", напишал Бејкер.
„Њујорк тајмс“ прави споредба меѓу првичната и конечната верзија на материјалот. Во конечната верзија е исчезнат делот во кој се прави изедначување меѓу изјавата во Финикс и неговите претходни изјави. На пример, исчезнат е пасусот во кој говорот се квалификува како „враќање кон стилот од предизборната кампања“, што, според авторот на текстот, значително се разликува од зборовите на претседателот еден ден претходно, кога тој повикуваше на единство.
Портпаролката на „Волстрит џорнал" изјави дека весникот има строга политика на разграничување меѓу објавување вест и искажување мнение.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
