Обвинителите од Куманово донираа од априлската плата за борба против Ковид 19

Обвинителите од Куманово донираа над десет отсто од априлската плата на сметките на Министерството за здравство, за поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата, соопшти денеска Основното јавно oбвинителство Куманово.
– Одлучивме да бидеме солидарни и да донираме парична донација на сметката на Министерството за здравство за поддршка за борба против Ковид 19, при што сите обвинители од ОЈО Куманово поединечно уплатија над 10 проценти од априлската плата на жиро сметка на солидарниот фонд на Министерството за здравство, изјави основниот јавен обвинител од кумановското обвинителство, Теута Бедиу Рамадани.
Таа информираше дека и наредниот месец од мајската плата ќе донираат средства на сметката на Министерството за здравство, и со тоа ќе ја подржат борбата на стручните против Ковид 19.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
