Од идниот месец зголемување на пензиите за 700 денари
Советот за социјална сигурност денеска ги поддржа законските измени со кои од идниот месец ќе се зголемат пензиите за сите пензионери за 700 денари.
На седницата на Советот на којшто присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се разговарало и за редовните усогласувања на пензиите до крајот на идната година годината за уште 160 до 200 денари, со кои во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.
-Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 проценти и за пет проценти на просечната плата. Предложените законски измени се направени во консултација со Сојузот на пензионери и истите ги разгледуваме и на Советот за социјална сигурност, рекла Царовска, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
На седницата на Советот се разговарало и за развој на социјални услуги на локално ниво од коишто бенефит треба да имаат постарите лица. За тие услуги општините за следните пет години имаат на располагање над 10 милиони евра, а од вкупно 65 општини коишто аплицирале за средствата дури 56 планираат да развиваат нега за стари лица во домашни услови.
Советот, информира МТСП, го поздрави и укинувањето на квотите за лековите од страна на Министерството за здравство, како и ослободувањето од партиципација за болничко лекување во болниците низ цела држава за пензионерите со пониска пензија од просечната.
Ново на Сител
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи