Општина Гевгелија со 150.000 евра ќе финансира спортски активности
Со девет милиони денари или околу 150.000 евра, општина Гевгелија во оваа година ќе го помага спортот, одлучи општинскиот Совет откако ја усвои годишната програма за финансирање спортски активности.
Средствата ќе бидат распределени на спортски клубови и друштва, како и на здруженија на граѓани кои поднеле апликации со цел да го унапредуваат спортот и да ја зголемуваат масовноста.
Приоритет во програмата му се даде на кошаркарскиот прволигаш „Кожуф“ кој ќе добие 4,6 милиони денари. „Кожуф“ кој најави борба за влез во Втората лига ќе добие 1,6 милиони денари, а по 900.000 денари ќе добијат ракометните клубови „Гевгелија“ во женска и „Партизан“ во машка конкуренција.
Со останатите еден милион денари,општина Гевгелија ќе го поддржи училишниот спорт и активностите од повеќе спортски дисциплини како што се планинарски спорт, тенис, атлетика, мото крос и повеќе турнири во мал фудбал и кошарка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот