ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица

Во двата денешни натпревари во рамки на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар го декласираше Тиквеш на домашен терен со 7-0 и се зацврсти на врвот на табелата, додека Пелистер извојува значајна победа во битката за опстанок, триумфирајќи на гостувањето во Струмица над АП Брера со 1-0.
Вардар уште по првото полувреме ги разреши сите дилеми околу победникот на дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ и замина на пауза со предност од 4-0, со головите на Цветковиќ (2), Закариќ (25), Велковски (29) и Јанкулов (39).
Во второто полувреме Омерагиќ со хет-трик (61, 73, 82 пенал) му донесе убедлив триумф на својот тим. Тиквеш од финишот на првото полувреме играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тасев.
Пелистер до победата дојде со голот на капитенот Ивановски од пенал во 6 минута.
Преостанатите два натпревари со кои ќе се комплетира 29 прволигашко коло ќе се играат утре, кога Струга е домаќин на Силекс, додека Шкендија ќе го пречека Башкими.
Табела: Вардар 71, Шкендија 67 (-1), Струга 59 (-1), Силекс 52 (-1), Тиквеш 40, Арсими 38, Башкими 37 (-1), АП Брера 33, Пелистер 32, Работнички 28, Македонија ЃП 27, Шкупи 1.
МИА
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
