-->
-->
Почина познатиот актер
-->
Познатиот глумец од американските телевизиски серии и шоуа, Ален Тик, почина ненадејно од срцев удар на 69-годишна возраст.
Тик колабирал играјќи хокеј рекреативно со својот син. Тој итно бил превезен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот, објави порталот ТМЗ.
Глумецот се прослави со популарната хумористична серија „Growing Pains", во која глумеше во 167 епизоди, како и во „Fuller House", продолжението на „Полна куќа“, кое се прикажува на Нетфликс.
Помладите генерации веројатно го препознаваат поради неговата улога како специјален гостин во серијата „Како ја запознав вашата мајка“.
Тој е татко на популарниот пејач Робин Тик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце