Повеќе скопски населби утре без струја
Од 8:10 до 9:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селото Синѓелиќ, дел од Хангари, општина Гази Баба, С. Маркет, пат за селото Арачиново.
Во периодот од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Старата скопска чаршија. Од 9:15 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Радуша, Дворци и Орашје, општина Сарај.
Дел од жителите на Арачиново без струја ќе бидат од 8:10 до 10 часот, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од селата Љубанци, Љуботен и Булачани.
Во временскиот период од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Метохиска“, „Гвадалахара“, „Индира Ганди“ и „Рељо Шестокрило“ во општина Шуто Оризари. Од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Анкарска“ бр.29 а и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од бр.64 до 72 а во општина Карпош.
Од 6:30 до 7:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Кванташки пазар, фабриката Металски завод-Тито, Караорман, селата Трубарево, Сингелиќ, Инџиково и Маџари во општина Гази Баба.
Без снабдување со електрична енергија утре ќе бидат и жителите од општините Сопиште и Студеничани. Од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Чифлик, Света Петка, Барово, Горно Соње, Ракотинци, Добри Дол, Маркова Сушица, каменоломот Беровиќ, како и сите стопански и нестопански објекти во овие реони.
Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Кострурски Херои“ и „Борка Талески“ во општина Центар и село Агино Село.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб