-->
-->
Премиерот на Шпанија позитивен на коронавирус
-->
Шпанскиот премиер Педро Санчез е позитивен на коронавирусот и ги откажа настаните од неговата програма.
Ова се случи два дена откако Санчез се врати од Њујорк, каде заедно со шефовите на држави и влади на многу други земји учествуваше на 77-та годишна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. – Утрово имав позитивен тест за Ковид-19, напиша шпанскиот премиер на Твитер.
Тој најави дека нема да присуствува на настан во близина на Барселона организиран од каталонските социјалисти. – Ќе продолжам да работам и ќе преземам екстремни мерки на претпазливост, додаде Санчез. Тој не прецизираше како се чувствува и колку време нема да присуствува на состаноци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат