Превентивна дезинсекција за уништување на комарци во Битола
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола ја почна третата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарци на подрачјето на општина Битола.
Од битолскиот Центар за јавно здравје информираат дека акцијата се врши со цел заштита на населението од заразни болести и оваа општа против епидеимска мерка ќе се врши до крајот на месецот.
- Подобрувањето на временските услови овозможува да се врши теристичка дезинсекција и истата ќе се реализира во терминот од 19 часот до 6 часот наутро. Според програмата, со акцијата опфатени се зелените површини од целото градско подрачје и периферијата на градот, соопштуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Реализацијата на програмата се остварува со финансиска поддршка на Совет на општина Битола.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите