Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
Ha 08.03.2025 околу 07.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.З.(25) од с.Мојанци, општина Арачиново, кој бил баран по потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Претходно, на локалниот пат Арачиново – населба Ченто, со патничко возило „јaryаp“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење на автопатот кон Тетово, по што кај клучката Стајковци со возилото удрил во товарно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки и набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
Имено, на 05.10.2024 на улица „Цветан Димов“ во Скопје, Б.Б. од Скопје од огнено оружје пукал кон А.Б. од Скопје и му нанел прострелна рана, по што Б.З. му помогнал со возило да го напушти местото. На 01.11.2024 против двајцата е поднесена кривична пријава, а во отсуство на Б.З. му била определена мерката притвор.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче