-->
-->
Првото бебе во Гостивар е девојче, од Општината доби ваучер од 30.000 денари
-->

Ваучер од 30.000 денари за првото бебе родено во Гостивар беше доделен денеска, информираа попладнево од локалната самоуправа.
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го посетил Гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“ за да упати честитки за првото бебе родено во 2025 година.
Првото бебе родено во Гостивар е девојче со тежина од 3,5 килограми, родило во 12:40 часот кое е во добра здравствена состојба.
- Денеска честитаме за првото бебе родено во Гостивар со еден скромен гест, ваучер во вредност од 30.000 денари. Бебето оваа година е девојче и се надевам дека оваа година ќе биде добра и ќе имаме што повеќе новороденчиња, изјавил Лимани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
