Работна средба на ИКТ комората МАСИТ со министерката Апостолска
Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска се сретна со финансиски директори и менаџери на компаниите од членството на ИКТ комората МАСИТ. Темата на средбата, што се одржа во просториите на МАСИТ, беше презентирање на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а Апостолска ги детализираше и деловите за процедурата за аплицирање, условите за исполнување и деталите поврзани со самата процедура за оценка на апликациите.
Во дискусијата, информираат од Кабинетот на Апостолска, подетално се разработи темата и можностите кои се отвораат со Законот за финансиска поддршка на инвестициите за ИКТ компаниите и се затворија повеќе отворени прашања за отпочнување на можноста ИКТ компаниите да го користат Законот, како и прашањата за дополнително очекуваната поддршка која може да се добие назад, а во насока на правна сигурност на компаниите.
-Проактивноста на ИКТ комората МАСИТ во креирањето на политики и олеснување на условите за делување на ИКТ компаниите добива силен акцент особено со континуирано зголемениот извоз на ИКТ услугите и нивниот придонес кон домашниот БДП, посочуваат од Кабинетот на Апостолска.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите