Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари

Српската министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека Владата го усвоила предлогот на Министерството за образование зимскиот распуст за основците и средношколците низ целата држава да започне седум дена порано – на 24 декември, а ќе трае до 20 јануари.
-На територијата на Војводина тогаш секако би почнал распустот.
Законската можност е календарот на воспитно-образовните активности во основните и средните училишта да се менува за пет отсто во работните денови во смисла на зголемување или намалување на тој број, изјави таа, пренесоа српски медиуми.
Министерството за образование на Србија вчера соопшти дека испратило предлог до Владата на Србија зимскиот распуст подеднакво да започне за основните и средните училишта низ територијата на Република Србија, во вторник на 24 декември 2024 година.
Од Министерството соопштија дека одлуката е донесена по разгледување на околностите кои влијаат на квалитетот и зачувувањето на наставниот процес, како и интересот и правото на учениците на образование.
-Поради намерата на Министерството за образование и Владата на Република Србија насилно да го прекинат полугодието, водејќи се само од најмала штета што може да ја нанесе ваквата избрзана одлука – бараме предлогот да се повлече, соопштија вчера четири репрезентативни синдикати за образование.
„Ако српската Влада и Министерството за образование не реагираат, ќе реагираат вработените во образованието“, велат од синдикатите.
Наставната програма, како што се наведува, опфаќа и реализација на наставните содржини преку утврдување и систематизација. -Значи, со оваа одлука, нашите ученици се донесени пред свршен чин.
Тие се спречени да бидат истрајни во процесот на учење, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
