Бизнис
29. August 2024 - 16:29

Регионот со замрзнати цени ќе го штити стандардот на граѓаните

Србија со Најдобра цена, Црна Гора ограничува маржи, Грција воведуав училишна кошница. Регионот со мерки против високите цени  во одбрана на стандардот на граѓаните.  Од 1 септември  до крајот на октомври, над 80 производи српските граѓани ќе можат да ги купат во просек за 30% поевтино. Ќе имаат ознака -  Најдобра цена Листата  е долга и опфаќа од млеко и  млечни производи,  месо, овошје, зеленчук, па се до средства за лична хигиена, кафе, житарици и мед

Јасно покажуваме колку ни е важно посиромашните и луѓето со средна класа да можат со леснотија да го пребродат овој период. Да можат да си дозволат пристоен и достоинствен живот. Многу сум задоволен како изгледа листата, значи има од шампон, прашак за перење, па се до месо, млеко и млечни производи, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Органичени цени ќе имаат и 66 прехранбени и хигиенски производои во Црна Гора. Иако на сила се уште е ограничената маржа на 5 основни прехранбени производи, црногорската влада истатата да прошири и го додаде овошјето, зеленчукот, повеќе видови месо и средстсва за лична хигиена. Одлуката замрзнатои цени  ќе важи до 31 јануари следната година

Оваа мерка ќе им помогне на граѓаните" да им се подобри стандардот, изјави Милојко Спајиќ, премиер на Црна Гора.

Пред стартот на учебната година Грција воведе Училишна кошница, каде ранците за на школо, целиот пробор со фломастери, пенкала, моливи, боици, тетратки, блокови, гуми  за бришење и се она што  е неопходно за старт на школската година ќе има ограничена цена до 15 ти октомври.