Македонија
22. November 2017 - 18:16

Се санираат канделабрите во Кавадарци

Електро-монтерски екипи на фирмата одговорна за одржување на уличното осветлување во Кавадарци, во соработка со машино-браварски тим, работат на обновување на целосно уништените и оштетените канделабри. 

- Станува збор за повеќе светилки лоцирани во паркот во село Ваташа, во дворот на клонот од градинката „Ваташка“, на светилките во малото паркче кај улицата „Солунска глава“. Се обновуваат и канделабрите во паркот „Полана“, како и во „Паркот на револуцијата” спроти полициската станица. Цел на репарација се и украсните светилки на улицата „Илинденска“ во делот на БИД зоната, како и оние на градскиот плоштад, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.

По завршувањето на оваа акција, Општината ќе пристапи кон обновување и на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ каде несовесни граѓани имаат направено големи оштетувања и на канделабрите и на подземните електро-инсталации.