Се уште активен пожарот кај месноста „Петлец“ над беровско Русиново
Се уште е активен пожарот кој вчера попладне избувна на месноста „Петлец“ над беровското село Русиново. Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски информира дека во моментот во гаснењето учествуваат екипи на противпожарната служба и беровското Шумско стопанство.
– Во пожарот на Петлец, кој се уште е активен, зафатени се предели со папрат и јасика. Во гаснењето на пожарот покрај екипа на ТППЕ Берово учествува уште една единица од Шумското стопанство. Пожарот е со голем обем и раширен е на поголема површина. Дополнителни тешкотии во гаснењето ни преставува силниот ветер и непристапниот терен, вели Руменовски.
Штетите не се во големи размери, бидејќи во пожарот горат папрат и висока трева. За целосно локализирање на пожарот, како што додава, добредојдена е секоја помош и вклученост за негово гаснење.
– Остануваме на терен се до целосно ставање под контрола на пожарот и уште еднаш апелираме до граѓаните на одговорно однесување во природата, додаде Руменовски.
Пред два дена во шумски пожар изгореа пет декари млада шума во близина на туристичкиот комплекс Аурора кај Беровско Езеро.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти