-->
-->
Серијата на Барса ја краси голгетерот Лазаров
-->
Ракометарите на Барселона прославија еден неверојатен јубилеј, 100 победи во низа во ASOBAL лигата, а најдобар стрелец во таа серија е капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
Барселона три и пол години нема пораз во домашното првенство, тимот викендов ја забележа 100-та победа во низа. Инаку, серијата на непобедливост со гол ја започна Сергеј Рутенка, а барем засега ја заврши капитенот Виктор Томас.
Најдобра стрелец во оваа серија е Кирил Лазаров со 432 гола. Лазаров е еден од осумммината играчи, заедно со тренерот Пасквал, кои биле дел од оваа неверојатна серија, во која дресот на Барселона го носеле 38 играчи.
Дел од историскиот резултат на Барселона, покрај Лазаров е и голманот Борко Ристовски, кој од оваа сезона го носи дресот на славниот каталонски клуб.
Лазаров и Ристовски, од понеделникот се во Скопје, каде со репрезентативните колеги се подготвуваат за квалификациските натпревари против Украина (2.ноември) и Чешка (5.ноември).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче