-->
-->
Шестмина заболени од туберкулоза годинава во Велес
-->

Шест новозаболени од туберкулоза се регистрирани годинава во диспанзерот за белодробни заболувања кој работи во рамки на Општата болница во Велес. Од нив пет се со белодробна и еден со вонбелодробна туберкулоза, информира денеска пневмофизиологот Убавка Јаневска.
Таа посочи дека минатата година во диспанзерот за белодробни заболувања се лекувале четворица пациенти на кои им била дијагностицирана туберкулоза. Од нив, еден бил со белодробна, а тројца со вонбелодробна туберкулоза. Најмладиот пациент со туберкулоза било бебе на шестмесечна возраст, а болеста ја добило од својата мајка, додека највозрасниот пациент бил на возраст од 75 година.
Освен од Велес, во диспанзерот се лекуваат и пациенти од Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Демир Капија.
Според доктор Јаневска, најважно за болеста е навремено лекување на болните, кое трае од 6 до 8 месеци, како и контролата на лицата кои имале контакти со заболените.
Годинава, 24 март, Светскиот ден за борба против туберкулозата се одбележува под мотото „Здружени да ја елиминираме туберкулозата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
