Штипската зоолошка ќе обезбеди нови животни
Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе го зголемува бројот на животни во ЗОО паркот. Наскоро ќе пристигнат лисица и егзотични птици.
Директорот на ЈП „Исар“ - Штип Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференција истакна дека во изминатите три години во ЗОО паркот имаат обезбедено 30 видови на тревопасни животни и е вистинска атракција за најмладите не само од Штип, туку имаат и посети од ученици и деца од останатите градови во источна Македонија.
- Имаме над 30.000 посети, кои ни покажуваат дека направивме вистински потег за самите граѓани. Ние нема да застанеме овде ќе продолжеме со ставање на нови детски реквизити, овде во Зоолошката градина. Така да сите што ќе дојдат ќе можат да се чуствуваат пријатно, вели Бојаџиев.
Тој додава дека 39 годишниот Димче Мановски лице со посебни потреби од љубов кон животните секој ден доаѓа и волнтира во ЗОО паркот. Димче веќе една година се грижи и ги храни животните.
- Ние како ЈП „Исар“ нудиме можност на сите кои се заинтересирани да волонтираат во ЗОО градината, а за тоа ќе земаат и одреден надоместок, што ние како јавно претпријатие го обезбедуваме. Еден таков случај е и со Димче, кој што редовно доаѓа, секој ден во ЗОО градината од љубов кон животните се грижи и ги храни. Помага во самиот круг за средување на ЗОО градината, а за тоа зема скромен мал надоместок, вели Бојаџиев.
Тој истакна дека немаат проблеми со обезбедување храна за животните и наскоро ги очекуваат новите животни.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб