Штипските угостители и институции подготвени за манифестацијата „Пастрамајлијада“
Штипските институции и угостители се подготвени за манифестацијата „Пастрамајлијада“, што ќе се одржи викендов на старата локација, односно на улицата кај новата Пошта и Градскиот стадион. Угостителите и локалните институции денеска имаа средба, на која се договараа детали за успешно организирање на штипската „Пастрамјалијада“. Новина е што годинава пастрамајлијата на штандовите ќе се продава поскапо за 30 денари или цената ќе биде унифицирана и ќе изнесува 150 денари, а причината е да се задржи препознатливиот вкус на овој гурмански бренд.
–Ние како организација Општина Штип и со угостителите како партнери сакаме да го заштитиме брендот со нормирани продукти значи 250 грама тесто и 160 грама месо да содржи главната состојка на пастрмалијата и да се продава по унифицирана цена од 150 денари, вели Кирил Панајотов вработен во Општина Штип.
На крстосницата „Дујле“ денеска се монтира и сцената, каде што ќе настапат македонски и балкански музички ѕвезди и групи. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека за оваа манифестација е предвиден и посебен сообраќаен режим, со цел да не се создадат низа проблеми низ улиците.
–Пред се овде зборувам за режимот на сообраќај, за безбедносниот режим, за се она што е во делот на здравството и токму затоа и со полицијата и со секторот за внатрешни работи Штип, здравствениот дом и итната медицинска помош, двете јавни претрпијатија, територијалната противпожарна единица и сообраќајните инспектори од градот, направивме состанок на кој што веќе ги привршуваме овие координации во делот на Пастрмалијадата, вели Бочварски.
Инаку во градот ќе се влегува од трите страни, а полиција и редари од јавните претприајтија ќе ги насочуваат возилата, каде да се паркираат. „Пастрамајлијада“ почнува и официјално во петок, каде што освен забава на штандовите ќе се продававаат и пастрамајлии.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа