Шумските пожари ова лето сведени на минимум во поширокиот велешки регион
Ова лето пожарите во велешко сведени на минимум, за разлика од претходните четири лета, кога изгореа над стотина хектари квалитетна шума во поширокиот велешки регион, велат за МИА, од Територијалната противпожарна единица од Велес која делува на територијата на општините Велес, Градско и Чашка.
Во летните месеци годинава изгореле само неколку хектари нискостеблеста дабова шума, во области во општина Чашка, на реонот над Богомила информираат за МИА од велешката противпожарна единица.
– Добра вест е што пожарите се намалија и со тоа се намалени штетите по шумите и животната средина, но тоа сепак не е резултат на поголема свест за превенција од пожари кај дел од граѓаните, туку во голем дел е резултат на забраната за движење низ шума која ова лето која беше издадена од ЈП Македонски шуми на почетокот на летото и траеше се до 1 септември, посочуваат од ТППЕ Велес.
Од ТППЕ додаваат дека од почетокот на 2022 година до денес, во Велес и велешко имало вкупно 193 пожари од секаков вид, а од лани до септември имало вкупно над 300 пожари во поширокиот велешки регион
Ново на Сител
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција