-->
-->
Со највисоки почести Ковачевски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ
-->
Премиерот Димитар Ковачевски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава.
По свечениот пречек двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе има разговори меѓу двете делегации.
Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор. Во состав на македонската делегација на средбата ќе бидат вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот