-->
-->
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-->

На 23.02.2025 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај с.Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,„фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(50) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуванo од И.С.(26) од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ - Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од с.Староец, кичевско, се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
