Спајсер: Нема докази дека Русија влијаела на изборите
Идниот портпарол на Белата куќа Шон Спајсер изјави синоќа оти нема докази дека руското хакирање влијаело на исходот на претседателските избори во САД и порача дека би било неодговорно да се носат заклучоци пред увидот во конечниот извештај на разузнавачките служби.

- Не постои ниту еден доказ дека влијаеле на изборите, истакна Спејсер.
Тој за Си-Ен-Ен нагласи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе има увид во извештаите на разузнавачките служби, кога тие ќе бидат завршени кон крајот на неделава.
Спејсер, претходно оцени дека Белата куќа можеби премногу ја казнила Русија кога наредила протерување на 35 руски дипломати поради сомнение дека се руски шпиони.
Тој наведе дека Трамп ќе има брифинг со американските разузнавачки служби откако претседателот во заминување на САД Барак Обама ги воведе санкциите за Русија.
Обама протера 35 руски дипломати во рамките на санкциите воведни за Москва како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
