Средба на Османи со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од форматот Ц5 – Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и Унгарија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од неформалната група Ц5 на Централно европските држави во која влегуваат: на Австрија, Георг Вуцас, на Словенија, Милан Предан, на Чешка, Мирослав Томан, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Дукс.
Како што соопшти МНР, предмет на разговор беа тековните теми со ЕУ предзнак, претстојните ЕУ Совети на министрите за надворешни работи и за европски прашања на кои ќе се отвори стратешка дискусија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и кои ќе послужат како подготовка за состаноците во јуни. Исто така, се додава, се отвори темата и за процесот на имунизација како и чекорите кои ќе обезбедат можност за послободно прекугранично патување, особено за време на летните месеци.
–Заеднички беше констатирано дека регионалните формати на поблиска соработка, како помеѓу земјите членки на ЕУ, така и во регионот на Западен Балкан, нудат поволна можност за продлабочена координација, особено со справување со заеднички предизвици како што е моменталната пандемија. Земјите од Централна Европа се наоѓаат во непосредно соседство на Западниот Балкан и се блиску поврзани, особено од економски аспект. Оттаму потребно е да се разговара за креирање на заеднички мерки и механизми подржани од ЕУ кои ќе го олеснат справувањето со предизвиците со кои се соочуваме, се наведува во соопштението.
Последен таков пример на координирана соработка е ЕУ, се додава, е механизмот за вонредна набавка на вакцини потпомогнат од страна на Австрија, преку кој земјите од регионот од оваа недела започнаа да ги добиваат обезбедените 651.000 дози вакцини од кои 119.000 за нашата земја.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот