-->
-->
Страшна сообраќајка во Скопје
-->

Автомобил „фолсфаген голф“ е целосно уништен доцна ноќва околу 3 часот, откако возачот удри во дрво, а потоа и во метално столбче. Сообраќајката се случила на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец, кај трговскиот центар „Зебра“.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, со возилото со скопски регистерски таблички управувал 20-годишниот А.А., кој со возило на Итната медицинска помош веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Иако неговото возило е уништено, младиот возач се здобил само со лесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пратен на домашно лекување.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
