Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат
Министерот за здравство Арбен Таравари во рамки на вложувањата во инфраструктурата и во нова апаратура во здравството, за следната недела го најави отпочнувањето со реновирање на Одделот за интензивна нега во Клинички центар, а од 1 април ќе почне и комплетната реконструкција на хируршките сали во Клинички центар. Целиот процес на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано, рече тој, и нема да има последици по пациентите.
- Останува нашата заложба да овозможиме што поквалитетни и подобри здравствени услуги за нашите пациенти како најважен фактор за кој се залагаме како Министерство. Од следната недела треба да започне реновирање на Одделот за интензивна нега во Клинички центар, од 1 април да започнеме со комплетна реконструкција на салите во Клинички центар во Скопје, меѓутоа истовремено и операционите сали во „8 Септември“, комплетно нови со комплетна интензивна нега и простор за лабораторија и микробиологија. Така што мислам дека за овие 7-8 месеци доволно е инвестирано и направено онолку колку што може МЗ како дел од ова Влада, рече Тараври на промоцијата на нова медицинска опрема за одделот за Урологија во Хируршката клиника „Сн. Наум Охридски“.
Тој кажа дека со заокружување на целиот процес салите во Клинички центар, на КАРИЛ и во 8 Септември ќе добијат модерен изглед со нови стандарди
- После 5, 6 месеци сите овие сали реновирани и со нови стандарди ќе изгледаат како што треба да изгледа навистина една модерна хируршка сала, а во 8 Септември конкретно нема да има само хируршка сала туку интензивна нега, нова лабораторија, нови микробиолошки лаборатории. Тоа се веќе повеќе простории. Не знам точно со квадратура, меѓутоа мислам дека е некаде околу 5, 6 илјади метри квадратни реновирање. Парите се обезбедени преку проектот од штипскиот аеродром со ТАВ. Ние дадовме согласност како Влада дека една од приоритетите ни се хируршките сали во 8 Септември. Само Клинички центар не може да го покрие цело Скопје. Многу ни се битни и „8 Септември“ и Градска болница, рече министерот за здравство.
Во однос на тоа кој ќе го понесе целиот товар на пациентите во текот на реновирањето, Таравари уверува дела целиот процес ќе биде координиран.
- Цело време сме координирани. Тоа ќе биде постепено и етапно. Почнуваме со КАРИЛ чија реконструкција треба да трае шест месеци, потоа продолжуваме со хируршките сали во Клинички центар од 1 април до некаде средината на јуни треба да заврши.Тогаш ќе почнеме најверојатно реконструкција во 8 Септември која исто така за 3 -4 месеци треба да заврши. Во меѓувреме екипи од Градска болница, од 8 Септември и од Клинички центар ќе бидат нонстоп во комуникација и во координација заедно со МЗ, вели Таравари .
Директорот на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ д-р Небојша Настов исто така уверува дека ако има потреба кадровски ќе си помагаат, и дека и другите клиники каде што има интензивна нега ќе ги покриваат пациентите.
- Кадровски сме екипирани доколку дојде до нешто што ќе го преплави системот, условно кажано, во секој случај сме во континуирана комуникација. Во однос на комуникацијата, битно е да се обезбеди буквално истиот број на интензивни кревети колку што биле и пред да се започне со реновирањето, со тоа што само прераспределувањето на креветите, односно прераспределување на капацитетите е различно. Некоректно е да се заплашува населението дека услугите можат да се пружаат само на КАРИЛ. Истата опрема, истите доктори, истиот персонал, истата едуакција е и во КАРИЛ и во 8 Септември и Св. Наум Охридски, вели д-р Настов.
Тој подвлече дека секвенционално ќе оди реновирањето и како ќе се завршува со реновирање на еден дел, така ќе продолжува реновирањето на друг дел, но за цело време покриеноста ќе биде соодветно за населението коешто го покриваат овие три болници.
Министерот Таравари надополни дека во петок ќе биде пуштен во употреба и одделот за интензивна нега на Инфективна клиника.
- Три хрирушки сали веќе се реновирани во Кличнички центар и тие ќе функцонираат цело време. Десет се реновираат сега. Значи нема да има помалку кревети за пациенти кои треба да бидат на интензивно лекување. Можеби ќе има и поголем капацитет бидејќи во меѓувреме инвестиравме во интензивна нега на Инфективна клиника, која што во петок веќе се пушта во употреба. Така што, се е планирано, се е предвидено и се надевам дека нема да има некакви потешкотии или проблеми, се е под контрола, рече министерот Таравари.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори