Tаткото ја силувал а мајката ја продавала за 500 денари, ЈО со детали за ужасот во Скопје
По претходно донесената наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија, соопштија од Јавно обвинителство.
Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело „родосквернавење“ и кривично дело „трговија со дете“, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело „трговија со дете“, велат од ЈО.
– Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш од по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето одбиело, мајката употребувала физичка сила, објаснуваат од Обвинителство.
Исто така, првоосомничениот, според обвинителството, злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет.
– Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка, додаваат од Обвинителство.
Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.
По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.
Ново на Сител
-
Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
-
Мерсие: Отвореното писмо на Кос за случувањата во Србија не е порака кон студентите
-
Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави
-
Разрешен шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов
-
Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија
-
Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
-
Џафери: Албанците систематски се исклучуваат од Министерството за одбрана и Армијата
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик