„ТНТ“ од почеток, Трајковски сам дојде во судот
По замената на поротата во предметот „ТНТ“, судењето денеска почна од почеток. На рочиштето дојде и обвинетиот Тони Трајковски, за кого судот вчера побара да биде донесен со полиција.
Сепак тој утринава иако немал добиено покана, сам дојде на судењето. Трајковски доставил и медицинска документација според која лекарите му забраниле да присуствува на судења додека прима терапија.
Неговиот адвокат појасни дека лекувањето на екс градоначалникот на Гази Баба ќе трае околу две недели и побара во тој период да не се одржуваат судења.
Поради ова, Обвинителот кој го застапува предметот предложи раздвојување на постапката за Тони Трајковски. Според Обвинителот Бурим Рустеми, на тој начин судењето ќе биде ефикасно и економично. Таквиот предлог е неприфатлив за одбраната која смета дека заради поврзаност на дејствијата не треба на Трајковски да му се суди одделно.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб