Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.
Во интервју во „Топ тема“, министерот кажа дека не би сакал да шпекулира каде е Груби за кој деновиве, рече, се слушале разни информации каде се наоѓа.
- Но би сакал да верувам во она што се обзнани во јавноста дека ќе се врати во Македонија зашто е чист како солза и затоа што смета дека овие основани сомненија, за кои е отворена истрагата од јавен обвинител, не се така како што ги толкува МВР и Обвинителство... Би сакал да се одважи и, ако е чист како солза, да пристигне во Македонија. МВР има капацитет да ја гарантира неговата безбедност... Ако еден човек толку долго се занимавал со политика, најмалку што може да стори е да ги одложи приватните обврски, ако ги имал, и да се врати во Македонија и во законска постапка да ги докаже своите тези на одбрана. За да се докаже, мора да е достапен на судот, рече Тошковски.
На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.
- Но за жал, во овој момент не можам да откријам факти во оваа истражна постапка и не е време да се изнесат во јавноста. Да се остави во законита постапка и процес на правда, а за тоа ни треба време и темелна истрага, рече Тошковски.
За полицаецот Б. Ј. од Граничната полиција, против кого МВР поднесе кривична пријава и е донесено решение за суспензија, рече дека направил „кардинална грешка“ затоа што бил должен да го задржи возилото со кое се превезувал Груби, бидејќи бил на „Стоп листа“, а потоа да го извести надлежниот јавен обвинител за упатства за натамошно постапување.
Од видеозаписот обезбеден од камерите на ГП Блаце се видело дека полицаецот му го прегледал пасошот и откако возилото го напуштило преминот „по неколку минути“ и „во фаза на напуштање“ односно кога веќе бил во МВР на Косово, тој констатирал дека Груби е на „Стоп листата“ и тогаш известил.
- За жал, полицаецот не постапил согласно стандардна оперативна процедура и не го задржал односно му дозволил да излезе... Најмалку за несовесно работење во служба треба да одговара, рече Тошковски. Откако ЈО ќе го собере целиот доказен материјал, рече, истражната постапка ќе утврди дали станува збор за организација од повеќе лица и дали полицаецот е инволвиран.
На прашањето зошто за раководителот на смена имало само дисциплинска постапка, а бил одговорен за батерии во камерите кои не работеле, министерот одговори дека се работи за камери кои полицајците ги носат на униформите и дека тој проблем бил отпорано. Меѓутоа, рече, камерите на граничниот премин функционирале и го снимиле постапувањето на полицаецот кој го зел пасошот на Груби за увид и потоа му го вратил.
- Внатрешна контрола констатирала дека раководителот требало да се грижи за батерии, но тоа траело подолго време, и неговите дејствија немаат директна вина за излез и незапирање. Затоа кон раководителот има само дисциплинска постапка зашто нема причинско-последична врска со тоа што Б. Ј не го запрел возилото, додаде Тошковски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците