Три илјади амандмани на опозицијата за измените во собранискиот Деловник

Со околу три илјади амандмани опозициските партии планирааат да ја затрупаат собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, која треба да расправа за онлајн работата на Собранието.
Од ВМРО ДПМНЕ, од коалицијата Алтернатива и Алијанса, како и од и Левица не се согласуваат со предлогот на претседателот на Собранието Талат Џафери, пратениците кои се во изолација поради Ковид да гласаат од дома.
Сметаат дека тоа може да доведе до злоупотреба на системот во време кога пред пратениците можат да се најдат клучни Закони или документи за гласање.
Во однос на предлогот за измена на Деловникот, ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе 1350, Алијанса и Алтернатива околу 300, а Левица околу 1400 амандмани. Предлагачот на измените вели дека тие треба да се донесат за непречено функционирање на Собранието.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
